Свет
9. јуни 2016 - 13:48

Ако сте жена во посета, оваа земја е неверојатно опасна за вас бидејќи силувањето е легално!

Кога Австралијката Ејдри Матнер (25) била дрогирана и силувана додека била на одмор, немала поим дека тешките искушенија за неа тукушто почнуваат. Таа сфатила дека единствен начин во Јужна Кореја да ги изведе силувачите пред суд е да води сопствена истрага.

Работејќи на тоа, била изложена на култура во која насилството над жените, посебно над странците, често е прифатена. Нејзината борба ја довела до други жртви на сексуални напади кои биле игнорирани од страна на властите. Ејдри, која предава англиски јазик во Јапонија, била во посета на Сеул со своето момче и пријателите во септември минатата година, па одлучила да остане сама неколку дена.

Како и многу Австралијци, таа верувала дека јужнокорејската престолнина е безбедна, па отишла во еден паб кој се рекламира на Фејсбук, за подобро да го запознае градот. По само три пијалаци, работите станале нејасни и таа се нашла во такси со странец, напишала на својата страна на „GoFundMe“.

Насилно ја дрогирале, но успеала на возачот да му каже да ја одведе во хостел, покажувајќи му ја адресата на својот телефон. Тој ја игнорирал.

– Следното на што се сеќавам беше кревет во хотелска соба. Човекот беше врз мене. Се борев и се обидував да го избркам, но бев премногу издрогирана за да направам што било. Се разбудив следното утро целосно гола. Сите пари ми исчезнаа. Мојата облека и работите беа скината и расфрлени низ собата – рекла таа.

Надзорната снимка ги покажала тројца мажи кои учествувале во нападот. Откако ја довеле во хотелот, во местото наречено „Брдо на проститутки“, едниот маж минал еден час во просторијата со Ејдри пред да влезе следниот човек.

Младата Австралијка со помош на менаџерот на својот хостел и пријателите заминала во полициската станица. Таму минала десет часа во инвазивни третмани, тестови и прашања, се уште во шок и под дејство на лекови. Таа била прашана каква облека носела и во повеќе наврати инсинуирале дека била пијана.

Подоцна открила дека властите не ги следеле адекватните постапки кај силувањето и дека не добила ДНК докази.

Кога Ејдри добила покана за пријателство од нејзиниот силувач на Фејсбук, таа ги пратила снимките во полиција, но ѝ било кажано дека тој не може да биде сторителот, бидејќи не бил во земјата.

На крајот, таа била принудена да отвори сопствена истрага, а открила дека извештајот бил фалсификуван.

– Нејзиниот третман од страна на полицијата бил травматичен – рекол за „60 минути“ новинарот Алисон Лангдон, кој објаснил дека во Јужна Кореја постои „култура“ на обвинување на жртвите доколку жената излезе да пие или танцува.

„Тие ја имаат оваа култура во која сексуалните напади не се сфаќаат сериозни. Кога жртвата и сторителот не се од Јужна Кореја, полицијата уште помалку се грижи. Западните жени се дури и познати како „бели проститутки“ во некои кругови“, додал Лангдон.

По меѓународниот притисок, полицијата била принудена да даде одговори, а маж од Нигерија бил уапсен за нејзиното силување.

– Но, нему му се суди за сексуално вознемирување, а не за силување или напад, бидејќи таа била во несвест, и затоа не може да докаже дека не се согласила на сексуален однос – објаснил Лангдон.

Случајот на Ејдри ги изнесе на светлина лошите јужнокорејски закони кои се однесуваат на сексуалните напади. Во март, земјата усвоила бројни амандмани на застарените закони, посебно во доменот на сексуалниот криминал, апсењата и кривичното гонење.

Извештаите за сексуални злоставувања против странци пораснале за 40 отсто во Јужна Кореја од 2008 година, а исто така во пораст е и бројот на нападите на жени од странство во соседна Јапонија. Помалку од 10 отсто од силувањата во Јужна Кореја се пријавени, помалку од 2 отсто завршуваат на суд, а само 10 отсто од виновниците завршуваат во затвор.

Повеќето болници немаат опрема за последици од силување, а постојат дури и вебстрани на кои луѓето можат во живо да гледаат силување на жени во несвест. Јужна Кореја е безбедна земја кога станува збор за убиства и грабежи, но ако сте жена во посета, тоа е неверојатно опасно.