Македонија
28. јуни 2017 - 21:00

Ако патувате во странство, од први јули има новини

Потврдата од МВР за прекршочна санкција забрана за управување со моторно возило е доказ дека возачот нема евентуални забрани за возење во некоја странска држава и ќе се издава од страна на МВР во МРТВ, односно во местото на живеење на возачот. Чини 50 денари административна такса која не е пресметана во сумата од 950 денари која досега се плаќаше.

Од 01.07.2017 година за да извадите Меѓународна возачка дозвола, покрај досегашните документи, ќе ви биде потребен уште и потврда од Министерство за внатрешни работи за прекршочна санкција забрана за управување со моторно возило. Овој документ е доказ дека возачот нема евентуални забрани за возење во некоја странска држава и ќе се издава од страна на МВР во МРТВ, односно во местото на живеење на возачот. Чини 50 денари административна такса која не е пресметана во сумата од 950 денари која досега се плаќаше.

- Оваа новина се воведува согласно Правилник за формата и содржината на обрасците на барањата за издавање на меѓународната возачка дозвола и одобрение за управување со туѓо моторно возило во странство, како и формата и содржината на образецот на меѓународната возачка дозвола и одобрението за управување со туѓо моторно возило. Со овој правилник се пропишуваат формата и содржината на обрасците на барањата за издавање меѓународна возачка дозвола и одобрение за управување со туѓо моторно возило во странство, како и формата и содржината на образецот на меѓународната возачка дозвола и одобрението за управување со туѓо моторно возило во странство, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Оттаму велат дека за издавање на документот не е потребно да се чека, туку тој се издава веднаш.

- Евентуалните забрани за возење во странство по било кои основ, се евидентираат електронски  во местото на живеење на возачот, па оттаму и издавањето на потврдата трае многу кратко време, велат од Полицијата.

Од АМСМ потсетуваат дека за да се извади меѓународна возачка дозвола заедно со потврдата, се потребни 2 фотографии (45ммх35мм), лично присуство со документ за идентификација - лична карта или пасош, но и националната возачка дозвола. Тоа се документите кои и досега беа потребни за да нова возачка дозвола која важи во странство. Трае три години, односно по истекот на важноста на националната возачка дозвола истекува и важноста на меѓународната возачка дозвола.

- Граѓаните треба да бидат информирани дека за патување со автомобил во странство, се  потребни неколку меѓународни документи како што се зелен картон, овластување за управување со туѓо возило, патничко осигурување и меѓународна дозвола, информираат од МВР.

Доколку планирате патување во странство а немате сопствено возило, тоа можете да го сторите со туѓо моторно возило, односно, возило во сопственост на друго лице. Но и затоа ви е потребно да се снабдите навремено со Одобрение за управување со туѓо моторно возило надвор од границите на Република Македонија.

Одобрението се издава со максимален рок на важност од 1 година, а се што ви е потребно е сообраќајна дозвола од возилото кое се дава на користење, лична карта на сопственикот, патна исправа на корисникот, лично присуство на сопственикот и корисникот. Цената на документот е 600 денари.

Што се треба да имате во автомобилот од дополнителната опрема? Прописите се разликуваат од земја до земја, па возачите мора добро да се информирани пред поаѓање на пат. Заедно со зелениот картон и меѓународната возачка дозвола, прва помош и неопходна дополнителна автоопрема, во некои земји бараат противпожарен апарат или атест за плин.

- Законот за безбедност во сообраќајот е сличен во речиси сите европски држави. Меѓутоа, казните се разликуваат, па стручњаците советуваат дека единствено безбедно, но и најефтино е да се прдржување на сите правила, велат од АМСМ.