Живот
18. October 2017 - 12:56

Ако ова го направите би можеле да се затруете од остатокот од оризот

Оризот е една од најчестата намирница кои луѓето ја јадат. Остатокот од оризот сите го јадат, а тоа што ретко кој го знае е дека тука се крие и голем потенцијал за труење на храната.
 
Оризот е намирница која лесно можете да ја зготвите во голема количина и да имате од него и за следниот ден. Вкусот и селдниот ден ќе остане ист за разлика, од пржени компирчиња. Тоа што повеќето луѓе не знаат дека оризот е многу подложен на расипување. 
 
Тоа нема врска со начинот на кој го чувате оризот, туку директно е порвзан со начинот на кој ќе го зготвите. Сировиот ориз има во себе микроорганизми Bacillus cereus кои лесно и  брзо се размножуваат. Тие можат да предизвикаат труење на храната, па дури и кога оризот е зготвен. 
 
Проблемот настанува кога варениот  ориз ќе го оставите на собна температура. Во тој случај споро се множат и прераснуваат во бактерии кои можат да предизвикаат труење. Што повеќе часови останува оризот, толку е поголема концентарацијата на бактериите и голема можност да се отруете. 
 
За да избегнете ваква ситуација, немојте да го оставате зготвениот  ориз на собна температура подолго од еден час.
 
После тоа ставете го во ладилник.