Македонија
30. August 2016 - 19:31

Ако нема училници за гимназијалците Македонџи ќе се бојкотира наставата во Тетово

Родителите на гимназијалците Македонци најавуваат протестен марш на први септември а доколку не се добие официјален одговор дали конечно ќе има соодветени учичници со најава дека ќе се бојкотира и наставата.

На ваков чекор се решени поради тоа што две години гимназијалците учат во простории на основно училиште и на други институции.

Во писмото на родителите и на професорите кое тие го упатиле до сите ресорни институции на централната и локалната власт се наведени три барања.

Конкретен одговор како ќе се надмиен просторниот проблем и рок за реализација. Привремено решение, но не како досега во просториите на работничкиот универзитет, како и потврда дека нема да се одбработуваат изгубените денови при евентуален бојкот.

Едно од решенијата беше изградба на нов објект во рамки на кругот а гимназијата .

Во тетовската гимназија, настава на македонски јазик има во 12 паралелки. Поради големиот број паралелки на албански јазик, вкупно 100,  лани започна со работа нова гимназија во новоизграден објект.