Македонија
16. January 2018 - 13:07

„Ако не ми дадеш 400 евра ќе ги објавам фотографиите“ - уценувана девојка од Гостивар

Полициската станица Гостивар поднесе кривична пријава против Б.Л. (29) од с.Врапчиште-гостиварско, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „уцена“. Во октомври 2017 година, пријавениот со цел да прибави противправна имотна корист за себе  уценувал 18 годишна девојка од с.Добридол, дека преку социјални мрежи ќе објави нејзини компромитирачки фотографии доколку не му исплати 400 евра или да излезе со него.