Здравје
29. October 2015 - 11:27

Ако месото предизвикува рак, што можеме да јадеме?

Си-Ен-ЕН 

Можеби веќе слушнавте дека обработеното месо како што се сланината, колбасите и шунката, можат да предизвикаат рак, а дека необработеното месо „можеби е канцерогено за луѓето“, стои во најновиот извештај на Светската здравствена организација. Или дека сирењето и шеќерот можат да создадат зависност исто како дрогите. Или дури дека вегетаријанските хот-дог сендвичи можеби не се сосема безмесни (па дури и без човечко ткиво), слушнавме неодамна и за ова.

Па што остана во светот за јадење за да останеме здрави?

Лекраите велат дека тоа е лесно: јадете повеќе како Грците. Да, вашите родители беа во право кога ве тераа до крај да го дојадете зеленчукот. Медитеранската исхрана - преобилна со зеленчук, јаткасти плодови и овошје, со помалку месо и млечни производи - е вистинскиот одговор. Секоја нова научна студија покажува дека е тоа клучно да живеете подолго и дека сте под помал ризик од канцери и кардиоваскуларни болести. Го прават и вашиот мозок помлад и поздрав. И кога се чувствувате подобро и потенцијално живеете подолго со исхрана во која има повеќе зеленчук и овошје, тоа исто ви помага и да одржувате здрава телесна тежина и потенка половина, што е добро за севкупното здравје, самодовербата и за добрата ментална кондиција.

Нашата свест знае дека е ова вистина дури и кога нашето срце (или стомакот?) повеќе сакаат храна со вкус на сланина. И можеби сме сведоци како се повеќе американци ги намалуваат калориите и избегнуваат брза храна и засладени пијалоци. (Иако сега светот во развој почнува да ги прифаќа нашите лоши навики во исхраната). Но сепак премалку Американци се одлучиле за растенија кои се јадат, откриваат истражувањата.

Американските деца во 2012 година јаделе по 63 калории од свежи продукти на ден, што е пораст од 47 калории во 2003 година. Има сличен пораст и кај возрасните, но тоа не е доволно кога ќе ги земете во предвид препораките од Американската администрација за храна и лекови (Усда) три до пет оброци со зеленчук на ден и два до три оброци со овошје на ден. Па затоа заради вашето здравје, еве што можете да сторите за да изберете на растенија ориентирана медитеранска исхрана. Едноставно е и исто нуди и голема разновидност, па нема да ви здодее од она што го имате во чинијата.

Правете оброци на основа на зеленчук, мешунки и житарки. Можете да јадете риба и живина барем два пати во неделата. Да грицкате јаткасти плодови и овошје. Не треба да правите ништо екстремно за да избегнувате јаглехидрати. Од нив можете да имате по три оброци на ден, посебно ако се од цели зрна. Ако пиете, испијте по чаша вино со вечерата. Гответе со маслиново масло, наместо со путер. И намалете ја количината мрсна храна, месо и млечни производи.

Ако не можете да се откажете од сланината или плескавиците, тогаш еден залак од нив нема да ве убие. Всушност, од Националната асоцијација на одгледувачи на говедско месо велат дека научните докази не ја потврдуваат вообичаената поврзаност помеѓу црвеното месо и обработеното месо и канцерот. Но Меѓународната агенција за истражувања на канцери која го состави тој извештај, велат дека на основа на нивните истражувања, просечна порција од 50 грама од обработено месо кое ќе го изедете го зголемува ризикот од канцер на дебелото црево за 18 проценти. Тие 50 грама се две или три резанки сланина. И се разбира, ако нешто само затоа што го подигнува ризикот од канцер, не значи и дека ќе го добиете.

Како заклучок: ако веќе морате да јадете месо, направете ги како специјален прилог а не како главно јадење. Јадете повеќе растенија и ќе се чувствувате подобро, ќе бидете и поздрави а и подобро ќе изгледате.

Дилема. Дали ќе ослабете ако не јадете леб?

Ако планирате да го намалите внесувањето на лебот или целосно да го прекинете, еве кои промени можете да ги очекувате.

Лебот може да ви обезбеди нутриенти како што се витамин Б и железо. Меѓутоа, ако го јадете во големи количини, ќе внесете многу калории и веројатно ќе добиете некој килограм повеќе.

Ако се прашувате колку би можеле да ослабите ако почнете да го избегнувате лебот, одговорот е дека тоа зависи од тоа колку сега јадете леб.

Ако елиминирањето на лебот подразбира само избегнување на тост за појадок, не очекувајте драстични промени во килажата, но ако избегнувањето на лебот води кон значителна редукција на калории во секојдневната исхрана, тогаш ќе изгубите повеќе килограми.

Калориите во лебот: Иако лебот не е посебно богат со калории, ако го јадете со секој оброк, тогаш многу ќе го зголемите внесот на калории.

За да знаете колку можете да ослабете со избегнување на леб, мора од прилика да знаете колку дневно калории внесувате со конзумирање на леб.

Белиот леб содржи 266 калории на 100 грама или 80 калории по парче од 30 грама, додека интегрираниот леб содржи 247 калории, а парче леб од 30 грама содржи 74 калории.

Умерено губење на килограми: „Ако го намалите внесот на калории за 100 до 500 калории дневно, а покрај тоа и физички сте активни 30 до 60 минути, тоа е добар начин да изгубите вишок килограми‟, порачуваат нутриционистите др. Алан Тиченал и Џоани Добс од универзитетот на Хаваи.

Ако вообичаено јадете парче леб за појадок, парче погача за ужина, сомун за доручек и уште едно парче леб за вечера, имајте предвид дека само со конзумирање на леб внесувате околу 454 калории дневно т.е. 3.178 неделно.

Тоа се многу калории!

Ако сакате да ослабете половина килограм неделно, потребно е да го намалите внесот на околу 3.500 калории, па ако моменталниот внес на калории е доволен одржете ја таа тежина, редукцијата на 3.178 калории неделно може да ви помогне да изгубите половина килограм речиси секоја недела.

Дали вреди? Ова прашање ќе го постави секој кој сака да јаде леб, дали некој килограм помалку е вреден да се откажеме од лебот?

Да ја разрешиме мистеријата. Вреди! Ќе се чувствувате многу подобро и ќе можете да јадете повеќе други работи.