Живот
22. September 2017 - 20:49

Ако го забележите ова на мијалникот веднаш сменете го - ризикувате да се разболите

Секому му смета глетката на валкан мијалник, па секој од нас се труди тој во секој момент тој да блеска.

Мијалникот од челик е особено проблематичен, бидејќи драстично го зголемува ризикот од заболување на легионарска болест. Ризикот е поголем кај овие мијалници бидејќи завршниот слој од овој тип на мијалник со текот на времето се распаѓа и сето тоа е идеално легло за бактериите кои пренесуваат легионарска болест.

Возрасните луѓе и оние со хронични заболување, се најризичната категорија пациенти од оваа тешка форма на пневмонија, како што обично се објаснува легионарската болест.

Само еден од досегашните жртви, е помлад од 40 години, а кај сите претходно имале некое заболување.

Болеста има 10-дневен период на инкубација и таа не се пренесува од човек на човек, туку најчесто преку системите за ладење и старите ер-кондишни.