Свет
13. October 2017 - 17:37

Ако ги видите овие инсекти дома - бидете внимателни

Досадните зелени смрдливки не само што влегуваат во домовите во текот на ладните есенски денови, туку и се хранат со голем број салонски цвеќиња и билки, особено со зеленчук.

 

Тоа се растителни паразити, се хранат со растителни сокови од овошје, зеленчук, цвеќе, градинарско и украсно цвеќе, па поради тоа одгледувачите ги сметаат за штетници.

 

Сигурно сте забележале во последно време и оваа година дека ги има многу повеќе од обично. Овие штетници влегуваат во домовите и канцелариите и притоа шират непријатен мирис.

 

Иако луѓето сешто тврдат, смрдливката не може да ве укаса – бидејќи нема заби. Истото важи и за домашните миленици. Тоа сепак не значи дека не може лошо да ве штипне – а може!