Македонија
16. November 2017 - 12:53

АКМИС системот во Апелција правилно воден, ќе се проверува и во Врховен

Проверката на АКМИС-системот во Апелацискиот суд во Скопје покажала дека водењето на уписниците било законско, информира денеска судијата Лазар Нанев, кој е претседател на комисијата за проверка на системите за распределба на предметите во судовите.

- Би можело да се рече дека постапувањето е законско, изјави Нанев пред одржувањето на денешната дебата за зајакнување на улогата и независноста на судиите во Македонија.

Нанев најави дека во наредните денови ќе биде направен увид на АКМИС и во во Врховен суд, по што ќе излезат со извештај за утврдената состојба во судовите каде се проведруваа системите за распределба на предметите. 

Комисијата претходно изврши проверка на АКМИС системот за  распределување на предмети и во скопскиот Кривичен суд. 

Проверката на АКМИС во трите суда следува откако во извештајот на Рајнхард Прибе беше нотирано дека постојат индиции за злоупотреба на овој систем, кој ги автоматизира и следи предметите од иницијалното отворање на предметот до негова распределба кај судија.