Aкција за вдомување кучиња утре во Куманово
На градскиот плоштад Куманово утре во 10 часот ќе се одржи акција за вдомување кучиња. Заинтересираните граѓани ќе можат да си вдомат куче, кое претходно е заловено и вакцинирано, соопштија надлежните од секторот за инспекциски надзор од општина Куманово.
Kомуналниот редар од општината, Гордан Таневски истакна дека акцијата се реализира во рамки на тендерот за заловување на кучиња скитници.
- Акцијата ќе трае неколку часа. Апелираме до граѓаните кои сакаат да вдомат миленик, да дојдат и ги видат кучињата, кои претходно се вакцинирани, рече Таневски.
Во меѓувреме во тек се акциите за заловување на кучиња скитници. Последниве денови се заловени 15 кучиња, а од почетокот на мај досега, заловени се 120 кучиња. Инаку, општина Куманово одвојува 800.000 денари за заловување кучиња скитници.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација