Македонија
23. November 2015 - 14:30

Акција за собирање на паднатите лисја во Ѓорче Петров

Комуналните работници од општина Ѓорче Петров започнаа акција за собирање и расчистување на паднатите лисја од зелените површини на повеќе локации во општината.

Како што соопшти општината, акцијата ќе трае и следната недела. Листовите се подигаат со општински товарни возилата, а се расчистуваат и тротоарите на главните и на сервисните улици.

Покрај општинските комуналци  во училиштата се ангажира и техничкиот персонал и наставниците, а во расчистување на дворовите ќе се вклучат и учениците од 7, 8 и 9 одделение од сите основни училишта.

Од општината апелираат до граѓаните кои ги расчистуваат своите дворови од паднатите лисја истите да ги собираат во црни вреќи, така што нема дополнително да се растураат по сервисните улици.