Македонија
13. March 2018 - 14:23

Акција за подобрување на комуналната хигиена во Гевгелија

На територијата на општина Гевгелија сеуште се одвива акцијата за расчитување и отстранување на дивите депонии во градот и населените места, а паралелно со неа ќе се реализира и акција за подобрување на комуналната хигиена,потврдија денеска од општинската комунална служба.

- Гевгелија, според намерниците, важи за чист и уреден град, но, граѓаните секогаш оправдано имаат забелешки на одржувањето на комуналната хигиена поради што ќе ја спроведеме акцијата за проверка на програмираните мерки и активности за одржување на јавната чистота во градот, велат комуналните инспектори.

Според програмата за јавна чистота, што ја донесува Советот на општината, а ја спроведува јавното претпријатие „Комуналец“, приоритет на комуналните работници е редовното одржување на јавната хигиена особено пред почетокот на пролетната сезона. Акцијата предвидува централното градско подрачје секојдневно да се чисти во утринските часови, а другите јавни површини во градот да се чистат еднаш неделно.

Контрола на спроведувањето на програмата и реализацијата на активнотите од неа ќе врши комуналната инспекција на општина Гевгелија.