Македонија
25. July 2017 - 12:34

Акција за чистење и уредување во општина Ѓорче Петров

Сезонските работници од општина Ѓорче Петров ја косат тревата и го средуваат зеленилото на повеќе локации.

Во рамки на акцијата денеска се извршило чистење, косење трева и собирање отпад на потегот од стадионот „Млади лавови“ во должина од 500 метри. Екипите ги уредувале зелените површини и пешачките патеки покрај насипот, а се собирал и сметот со цел да се намалат дивите депонии.

Во општина Ѓорче Петров работат над 60 сезонски работници за расчистување и одржување на хигиената и за одржување на јавни зелени површини. Секојдневно се собираат по 10 камиони градежен шут, смет и стара покуќнина.