Бизнис
20. March 2018 - 19:39

Академик Таки Фити: Државата да се држи настрана од бизнисот

Да се напушти моделот Владата да биде главен инвестиотор и работодавач. Таму каде што државата се меша во бизнисот, се истиснува приватниот сектор од инвестиции и се оневозможува рационално и ефикасно користење на расположливите ресурси. Ова е пораката на академик Таки Фити, кој смета дека минатата година била изгубена поради политичката криза, a за да не биде и оваа - клучно е да се задржи политичката стабилност, но и владата да се држи настрана од бизнисот..

  Во пазарна економија  носител на растот е секторот претпријатие,  а не Владата. Се разбира, ваквиот модел ја ограничува, но не ја дерогира улогата на Владата во  економската  активност. Напротив, одговорностите на Владата во моделот на пазарна економија се сосредоточени и незаменливи во неколку значајни сфери:создавање на општа поволна рамка за функционирање на бизнисот, јавни инвестиции во сферата на инфрструктурата, образованието, научно истражувачката дејност и иновациите, заштита на животната средина, водење на прудентни политики, изјави академик Таки Фити

Неодамна и стопанствениците предупредија дека политиката не треба да се меша туку да овозможи услови бизнисот да биде главен играч.

Според последните статистички податоци за економската активност,  првите два  месеци  годинава, упатуваат на одредено заживување. Задржувањето на кредитниот рејтинг од страна на Стандард и Пурс  и олабавувањето  на монетраната политика , според академик Фити, можат поволно да влијаат  за заживување на економската активност.