Македонија
30. August 2016 - 16:39

Академијата за судии и јавни обвинители објави оглас за прием на 60 кандидати за јавни обвинители

60 кандидати за јавни обвинители бара Академијата за судии и обвинители во огласот објавен денеска.

Се бараат кандидати со завршен правен факултет но и со богато практично искуство – ќе посетуваат 9 месечна теоретска настава и ќе полагаат завршен испит. 

- Овој оглас претставува само реализација на измените на Законот за академијата од 31.12.2015 година, кои се усвоени заради  пополнување на потребниот  број на обвинителите согласно одлуката за систематизација и барањето на Советот на јавните обвинители и кое беше неопходно за извршување на нивната нова надлежност согласно новиот Закон за кривична постапка. Значи овој оглас претставува исклучок и има важност од само една година и се однесува на обука на кандидати само за обвинители, а не и за судии како што неточно информираа некои портали. Овие кандидати ќе поминат низ истиот процес на селекција како и другите кандидати, што подразбира дека ќе поминат низ истиот филтер на полагање на квалификациски тест, психолошки тест, тест за интегритет и испит кој се состои од писмен дел во вид на полагање на студии на случај, кои сега се полагаат електронски од објавената база на прашања за тестот и студии на случај, изјави Анета Арнаудовска, директор на Академија за судии и јавни обвинители.

Интересот за сите досегашни огласи за прием на кандидати бил голем. Во тек е приемот на 6тата генерација од 30 кандидати на Академијата. Арнаудовска тврди дека се целосно невистинити тврдењата дека академијата произведува партиски кадри за судовите и обвинителствата.

- Младите луѓе Академијата ја гледаат како за влез во професијатаи за добивање на квалитетна обука,  се докажува со тоа што на последниот оглас се јавиија 84 кандидати и тоа не само стручни соработници, туку и млади луѓе од адвокатурата, други институции и невладиниот сектор.   Сите досега избрани  академци се распоредени во сите судови и обвинителства во РМ, како и во новмофирмираното СЈО кое  превзеде 8 академци, сите тие  добија ист квалитет на обука,  ги обучуваа едни исти предавачи и ментори, па сега е сосема неосновано да се тврди дека едните се стручни и независни а другите се некомпететнтни и дека одлучуваат под нечии диктати, вели Арнаудовска.

До сега Академијата извршила обука на 93 кандидати, од кои 88 се избрани за судии и јавни обвинители. За преостанатите 5 судии од псоледната генерација веќе се објавени огласите за избор.