„АЈМО ЗВИЖДАЉКЕ“: Српски активисти на чело на протестите во Скопје
За нивното присуство во Скопје укажува и фактот што има голем број автомобили со белградски регистрации што кружат низ градот во потрага по локации за демонстрации, пишува Телеграф.мк.
Активисти од Србија се главни организатори на протестите на опозицијата во Скопје. Тие секојдневно се на чело на колоната на протестите и даваат јасни инструкции, кои останатите мораат да ги следат, пишува порталот.
„Ајмо звиждаљке“, „Идемо јаче“ извикуваа вчера водачите на протестот кој финишира со фрлање боја врз Министерството за култура и врз „Порта Македонија“.
Дека ова никако не може да се нарече спонтан граѓански собир синоќа забележа и екипата на Телеграф.мк. Организаторите од Србија имаат големо искуство во вакви настани и ја држат ситуацијата под контрола. Станува збор за лица од околу 40 години, кои имаат воспоставено добра соработка со локалните групи.
Како што пишува Телеграф.мк, тие, покрај тоа што учествуваат во протестите, ангажирани се и во пишување на недолични содржини низ центарот на градот. Вчера се појави и фотографија од центарот на градот каде што до ликот на Мајка Тереза на „чист“ македонски јазик е напишано „Никад више ВМРО“.
За нивното присуство во Скопје укажува и фактот што има голем број автомобили со белградски регистрации што кружат низ градот во потрага по локации за демонстрации.
Поголем од овие активисти учествувале и во протестите во Србија кога по насилен пат беше соборен Слободан Милошевиќ.
Начинот на протестирање е речиси идентичен на оној во Србија, црвени знамиња со стисната тупаница, заштитен знак на движењето „Отпор“, како и постојано повторување на песната „Бела чао“, поишува Телеграф.мк.
Присуството на вакви „увезени“ демонстранти воопшто не треба да изненадува ако се знае дека СДСМ користи услуги на српска пиар-агенција, а предавања во Македонија редовно држи и Канвас, фирма подружница на Сорос, која е специјализирана за насилни протести.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово