Свет
23. May 2017 - 12:50

Ајфеловата кула вечерва во мрак поради нападот во Манчестер

Ајфеловата кула во Париз вечерва нема да биде осветлена, во знак на почит кон жртвите од нападот во Манчестер, соопшти денеска градоначалничката на француската престолнина Ан Идалго.

- Париз вечерва ќе им одаде почит на жртвите од Манчестер. Со нападот врз нив, нападнати се и нашите вредности, напиша таа на Твитер.

На синоќешниот концерт на пеачката Аријана Гранде, бомбаш самоубиец изведе терористички напад, при што загинаа 22 лица, а 59 се повредени.