Фудбал
24. May 2017 - 10:45

Ајакс и Јунајтед во битка за нов европски трофеј

Вечерва во Стокхолм (20.45ч) се игра финалето од Лига Европа во кое за голмиот пехар на УЕФА ќе се борат Ајакс и Манчестер Јунајтед.

Холанѓаните цели 22 години чекаат европски трофеј додека Англичаните последната титула ја имаат во 2008 година во ЛШ. 
Мурињо со ослабен тим без Златан Ибрахимовиќ, Маркос Рохо, Лук Шо кои се повредени  и  Ерик Бејли нема да може да настапи поради црвениот картон од полуфиналниот дуел против Селта. Под знак прашалник се и неколку играчи, меѓу кои е и Пол Погба, но тие би можеле да се најдат на теренот уште од првата минута.
Ајакс има млад тим кој може да изненади против секој противник и затоа се очекува рамноправен дуел во кој сепак фаворитската улога му е доделена на тимот од  Манчестер.