Балкан
8. February 2017 - 11:47

АИ алармира за лошите услови за живот во бегалските кампови во Грција

Организацијата за заштита на човековите права „Амнести интернешнл“ (АИ) алармира за условите за живот на бегалците и мигрантите во прифатните центри во Грција.

Претставници на АИ ги посетиле камповите каде се сместени околу 15.000 мигранти и бегалци при што утврдиле дека условите за живот се вознемирувачки. Бегалците и мигрантите се соочуваат и со опасноста да бидат вратени во Турција поради Договорот со Европска унија.

Претставници на АИ во јули минатата година исто така ги посетија бегалските кампови при што било констатирано дека се поголемиот број од мигрантите живеат во хотелите и апартмани, додека илјадници мигранти живеат во мизерни услови во камповие.