Македонија
24. February 2017 - 11:32

Ахмети: Нема договор со Заев - размислуваме да останеме во опозиција

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети пред почетокот на Централното претседателство рече дека е мала можноста да има договор денеска.

– Ги разгледуваме опциите да останеме во опозиција, рече Ахмети.

Според него, се уште не е постигнат договорот дали ќе ги даде потписите на лидерот на СДСМ, Зоран Заев за тој да го добие мандатот од претседателот Ѓорге Иванов.