Македонија
23. February 2017 - 16:17

Ахмети и Заев ја игнорираат волјата на Македонците

Волјата на мнозинството Албанци мора да се почитува, додека изборот на повеќе од 450.000 Македонци може и да се игнорира.

Пред изборите во 2008 Ахмети во интервју за Радио Слободна Европа апелира да се почитува волјата на мнозинството Албанци за да нема проблеми во државата.

Колку тежат неговите зборови денеска, покажуваат снимките од телевизиските архиви

Но експериментот сега го пробува ДУИ а колку ќе плати за тоа Македонија, никој не кажува.

Од партијата која го претставува мнозинството Македонци вчера со став дека остануваат на браникот на државата и дека нема да дозволат македонските граѓани да останат без право на глас во сопствената држава.

Груевски потенцираше дека неговата партија нема да дозволи да се гази преку волјата на македонските граѓани и македонските национални интереси за кои рече дека се подготвени да ги бранат секогаш на сите можни начини.