Бизнис
20. January 2017 - 19:57

Aгенцијата за вработување објави ад 8200 слободни работни позиции

Над  8. 200  слободни работни места на пазарот на труд. Се бараат работници за различни позиции - од продавачи, шофери, шивачки, готвачи, до сметководители, проценители, економски  менаџери, советници , графички дизајнери, објави  Агенцијата за вработување. Во моменов пак, според државнатат статистика,  речиси 222 илјадисе  невработени лица. Проблемот за ваквата диспропорција, според експертите, е е дека голем дел од неввработените - веќе работат  на црно , дадека останатите не сакаат да работат  за  ниска плата

Ако ги погледнете огласите на страната на Агенцијата з авработување, во 95% од нив работодавачите ја нудат минималната плата од 10.800 денари. Затоа младите не сакаат да се запишат во средните стручки школи каде се учат овие професии, изјави Раде Ненадич, од агенцијата за посредување при вработување партнер.

За да ги добијат потребните вештини кои се бараат од невработените , Агенцијата за вработување нуди бесплатни обуки за доквалификација, започнување сопствен бизнис, или познавање странски јазик