Македонија
22. January 2016 - 16:39

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го поздрави кодексот на МАН за изборно однесување

Кодексот за изборно однесување, кој македонската асоцијација на новинари го презентираше минатата недела добил поддршка од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Според овој кодекс за време на изборната кампања, за неетички ќе се смета поткопувањето на македонскиот систем за слободни избори или попречувањето на целосно слободно изразување на гласачите, како и ширењето на неосновани обвинување против кандидатите, јавните и комерцијалните медиуми и медиумските работници.

- Сметаме дека е важно да се потенцира оти кодексите се однесуваат на принципите, вредностите, стандардите и правилата за однесување на нивните потписници, се вели во дописот испратен од Агенцијата до МАН.

Кодексот предвидува сите гласачи да имаат право да добијат непристрасни информации за партиите и кандидатите од сите јавни медиуми, а сите партии и кандидати да имаат право на еднакви услови за нивните изборни кампањи.

- За време на изборната кампања и изборниот процес, недозволиво би биле активности или цели поврзани со кампањата од нелоцирани фондови, опрема, материјали или простории во сопственост на Владата, како и поврзаност на невладините организации со политички партии, соопшти МАН.

Промовираниот кодекс од МАН воедно ги охрабрува Мисијата на Европската унија во Македонија, како и Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР да го следат медиумското однесување за време на изборниот процес.