Македонија
29. August 2016 - 8:17

Агенцијата за администрација одбележува 16 години постоење

Агенцијата за администрација ќе одбележи 16 години од основањето со организирање Отворени денови.

Одбележувањето ќе трае десет работни дена од кои по три ќе бидат посветени на општините и на институциите од дејностите, а два на органите на централната власт.

Дополнителни два дена Агенцијата ќе биде отворена за граѓаните.

Целта на настанот е промоција и афирмирање на основната визија и мисија на Агенцијата за администрација и разграничување на нејзината со надлежноста на Министерството за информатичко општество и администрација. 

Посебен фокус ќе биде ставен на промовирањето на новите решенија за пријавување кандидати за вработување, како и на практичните искуства на Комисијата за одлучување по жалби и приговори на административните службеници во втор степен.