Македонија
5. December 2016 - 10:31

Агенцијата „Марили“ ќе го промовира бизнис клубот на жени менаџери

Агенцијата „Марили“ во среда ќе го промовира бизнис клубот на жени менаџери чија цел е да ги поврзе жените менаџери и да ја подобри нивната комуникација.

Клубот ќе биде и место каде што жените менаџери ќе може да ги промовираат своите идеи и иновации, да добијат поддршка, маркетинг и промоција, за што е поставена и посебна страница означена како „Бизнис клуб“ на порталот на агенција „Марили“: www.marili.com.mk. Исто така тие ќе се информираат како новините во својот бизнис полесно да ги претворат во практични искуства со помош на пристапните ИПА фондови и европските кредитни линии.

Во рамки на клубот ќе се прават и тематски работилници, за одредени проекти, а посебно место ќе заземаат хуманитарните проекти посветени на здравјето на жените и за социјално ранливите категории на жени, како и за болните деца и децата без родителска грижа. Една од активностите на клубот ќе биде и вмрежување со останатите здруженија, организации и асоцијации на жени во бизнис сферата.

На промоцијата на Марили бизнис клубот ќе се обрати генералниот менаџер на агенцијата „Марили“, Лидија Трипуноска, која ќе ја претстави визијата и мисијата на клубот.

Ќе се одржи и предавање од областа на бизнис психолгијата под наслов „И во Македонија е возможно!“, а предавач ќе биде Марина Анчевска, генерален менаџер на Центарот за бизнис психолгија - Скопје.

На настанот се очекува да присуствуваат околу 50 жени менаџери кои што учествуваа и на јубилејната манифестација „Избор на најуспешни жени менаџери од Р. Македонија и од дијаспората“, а најавено е присуство и на други жени менаџери кои биле дел од изборите во изминатиот период, но и дел од други проекти на агенцијата „Марили“.