Македонија
13. December 2017 - 16:10

Аерозагадување: Аритмии, неправилна работа на срцето, слаба циркулација и варирање на крвниот притисок

Аерозагадувањето е шок за срцево болните.  Овие денови кога тешко се дише и опасните ПМ честички се и 10 пати над дозволеното, кардиолозите ги предупредуваат нивните пациенти да седат дома. Секоја изложеност на екстремно загадување може да доведе во влошување на здравствената состојба и да завршат на некои од одделенијата за кардиологија. Но од загадениот воздух страда  срцето и кај здравите лица.

- Тоа е хронично загадување бидејќи не е само овие месеци. Секако, најопасно е кај хроничните пациенти но лошо влијае и кај здравите. Ова загадување влијае врз сите и кај младата популација, Антонио Антевски, кардиолог во ГОБ 8-ми септември

За доктор Антевски, аерозагадувањето има хронично влијание врз кардиоваскуларниот систем и овој период постојано им фали кревет повеќе на одделението за кардиологија. Вели дека има ситуации кога дежурните лекари неможат да им излезат во пресрет на сите пациенти.

- Има пациенти кои ги враќаме, да доаѓаат на редовни контроли. Овој период најмногу имаме хронични пациенти со аритмии, неправилна работа на срцето бидејќи ова загадување им ја влошува состојбата, вели др. Антевски

Според мерните станици во градот, вчера скопјани само два часа дишеле лист воздух, кога опасните ПМ честички биле во рамки на дозволената граница. Болниците се полни со пациенти а лекарите предупредија дека загадениот воздух допрва ќе предизвикува компликации и кај болните и кај здравите.