Свет
5. December 2015 - 11:45

Аеродромот во Катанија затворен поради ерупција на вулканот Етна

Нова ерупција на вулканот Етна на островот Сицилија доведе до затворање на аеродромот во Катанија, јави италијанската новинска агенција АНСА.

Аеродромската управа соопшти дека летовите до и од аеродромот се откажани до 13 часот по локално време .

Ерупцијата на Етна, придружена со исфрлање на лава, започна на 3 декември. Специјалистите од италијанскиот Институт за геофизика и вулканологија го опишаа како најмоќнниот од 1999 година.

Аеродромот во Катанија работеше во нормален режим, но синоќа беше затворен поради зголемена концентрација на вулканска пепел во воздухот.

Ерупцијата на вулканот не го загрозува локалното население, забележува ТАСС.