Македонија
23. November 2016 - 22:21

Aеродромот "Александар Велики" затворен поради опасност по животот на претседателот Иванов

Голема паника избувна вечерва на скопскиот аеродром, авионот на  „Туркиш ерлајнс“беше спречен  да полета од скопскиот аеродром, на кој вечерва околу 20 часот не му беше дозволен лет поради детектирање на опасност по животот на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов. 

 Од УБК известија дека при претпрес на багажот, кај еден од патниците, државјанин на Турција, биле откриено непријавен електронски уред. При проверка на багажот, службата за безбедност на претседателот забележала дека можно е да станува збор за уред кој може да предизвика проблем на летот, а најлошото сценарио било дека можно е да станува збор за експлозив на далечинска контрола.

Авионот веднаш бил испразнет од стотината патници и бил пренесен со влекач на безбедна локација. Екипи на антитероризам при УБК детално ги провериле авионот и багажот, како и патниците. Токму во еден од куферите на млад турски државјанин бил пронајден електронски уред кој зрачел сигнал. Откако се увериле дека не е бомба, уредот бил неутрализиран, а на авионската контола на летање на Петровец и било јавено дека летот е безбеден.  

Неколку минути пред 22 часот, полицијата и аеродромското обезбедување им дозволило на стотината патници, меѓу нив и македонската делегација на чело со шефот на државата, да влезат во авионот кој после полноќ треба да слета во Турција.

Причината за тајното патување на Иванов во Турција за сега е непознато.