Бизнис
8. јуни 2016 - 16:29

АЕК: Окрупнувањето на телекомуникацискиот пазар ја зголеми цената на мобилната телефонија за 15 проценти

Повеќе од 15 отсто зголемени цените во мобилната телефонија заради окрупнувањето на телекомуникацискот пазар, информираат од АЕК. Граѓаните плаќаат и 20 отсто повеќе за мобилниот интернет. Од Агенцијата велат дека будно ја следат состојбата и нема да дозволат граѓаните да плаќаат поскапо за услуги кои досега биле многу поевтини. Се бара нов мобилен мрежен и виртуелен оператор, за што минатата недела биле испратени  над 70 писма за заинетерсираност до светски реномирани компании.

- Направена  е темелна анализа на новосоздадениот пазар на мобилна телефонија. Утврдена е заедничка доминација на пазарот за пристап и започнување услуги во мобилни мрежи. Двата активни оператири на пазарот на мобилна телефонија беа определни како оператори со значителна пазарна моќ и им беа наметнати обврски за интерконекција и пристап и за контрила на цени, рече Димитријоски, на отворањето на првиот јавен состанок на АЕК за 2016 година.

Промените на пазарот настанаа откако се споија Македонски Телеком и Тмобиле како и Оне и Вип кои го преземаа кабелскиот оператор Близу и настапуваат како една компанија. Од Агенцијата посочуваат дека по спојувањето на операторите во земјава, услугите што ги добиваат граѓаните со користењето на одредени пакети биле намалени, но цената што ја плаќаат останала иста.

- Земајќи ги во предвид приходите од  поединечните услуги и месечната претплата расчленета на овие видови  услуги вклучени во претплатата констатиравме дека во сите квартали по спојувањето доаѓа до значително зголемување на цената за говор и за пренос на податоци за 15 проценти во првиот кваратл година  во однос на вториот кваратл лани, рече Петровиќ

Земјава е единствена држава во Европа со само два мобилни оператори. До крајот на месецов ќе бидат одобрени нивните референтни понуди со дефинирани услови и цени. Со ова се очекува виртуелните оператори полесно да потпишат договори со нив. Агенцијата и во иднина ќе продолжи будно да ги следи активностите  на операторите.