Македонија
24. February 2017 - 16:54

Аџибадем Систина отвори поликлиника во Битола

Вака изгледа новоотворената Поликлиника на Аџибадем Систина во Битола. Во модерниот објект кој се простира на површина од 500м2 и е опремен со најсовремена технологија се нудат здравствени услуги од  областа на гинекологија и акушерство, педијатрија, интерна медицина и кардиологија. Има и  дневна болница за возрасни и за деца.

Во Поликлиниката, покрај редовните доктори, секој работен ден прегледи и консултации изведуваат и доктори од повеќе специјалности од  Клиничката болница „Аџибадем Систина“ од Скопје.

И во Битола ќе се спроведуваат истите стандарди на лекување како и во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

„Сите граѓани на Битола и регионот имаат можност да бидат поблиску до врвната медицинска грижа што 'Аџибадем Систина' ја нуди веќе седум години“, велат од клиниката.

Наскоро ќе имаат и амбулантно возило за транспорт на пациенти од поликлиниката во Битола до Клиничката болница „Аџибадем Систина“ во Скопје.

Истото ќе биде опремено по највисоки медицински стандарди, со кои може да се изврши медицински транспорт на пациенти со најразлични здравствени проблеми.