Македонија
21. August 2016 - 16:32

Адреналинска патека во Пехчево за сите љубители на екстремни спортови

Туристичко Пехчево од оваа година е со нови сместувачки капацитети, но и содржини, кои ги привлекуваат туристите. Освен живописните водопади на Равна река, од оваа година Пехчево ги нуди и барскиот екосистем „Езерце“ со оригиналната адреналинска патека во непосредна близина, која преставува вистинска атракција.

- Според анализите што ги правевеме нема друга во Македонија. Таа е единствена таква патека и вреди да се проба.-изјави Игор Поповски, градоначалник на Пехчево.

Градоначалникот вели дека патеката е безбедна, обезбедени се и стручни лица кои им помагаат на посетителите, а го буди интересот и кај помладите и повозрасните.

- Станува збор за одење по јажиња, одење по дрва, има еден дел кој е на 4 метри височина, друг на 6 метри, со некаде 34 содржини и финишира со зип лајн во должина од 240 метри.-изјави Поповски

Целата инвестиција за целосно уредување на комплексот е над 5 милиони денари, средства обезбедени од општинаскта каса и приватни донатори. Пехчево годинава очекува комплетно да се заврши и електрификацијата на туристичката населба Равна река, што заедно со доизградената патна инфраструктура ја прави и поатрактивна за купување на парцели за изградба на викенд куќи, ресторани и хотели.