Свет
12. November 2016 - 10:10

Администрацијата на Обама се откажа од напорите САД да го ратификуваат ТТП до крајот на неговиот мандат

Владата на претседателот на САД Барак Обама практично се откажа од обидот да издејствува ратификација од земјата на Трантихоокеанското партнерство (ТТП) до крајот на неговиот мандат во јануари, следната година.

Од тимот на Обама изјавија дека републиканските лидери на Конгресот треба да одлучат кога ќе се одржи гласањето.

Трговскиот претставник на САД Рон Кирк лобираше пред Конгресот за ратификација на 12-страниот трговски договор. Изненадувачката победа на кандидатот на републиканците на претседателските избори Доналд Трамп и задржувањето на мнозинствата на републиканците во двата дома на Конгресот ги подриваат овие напори.

Републиканските лидери во Сенатот и Претставничкиот дом веќе дадоа до знаење дека се против гласањето на законот за ратификација на ТТП, пред Трамп да дојде на функцијата во јануари.

Отфрлањето на овој трговски договор беше главно предизборно ветување на кандидатот на републиканците. Според Трамп, ТТП ќе биде катастрофа за САД, бидејќи ќе доведе до пренесување на работни места во странство.