Фудбал
14. November 2017 - 10:09

Адио Буфон

Легендата на италијанскиот фудбал Џиџи Буфон со солзи во очите ја заврши кариерата. 

Славиот италијански голман беше на голот на Италија во синоќешниот дуел со Шведска од баражот за Мундијалот но остана без учество на Сп во Русија што многу го растажи. 
„Ми е жал, но не за мене, туку за Италија. Не ја потценивме Шведска, но нешто не штимаше во нашите редови. Немавме доволно енергија да ја анулираме негативата од првиот меч. Сепак, верувам во моќта на италијанскиот фудбал и верувам дека ќе се вратиме посилни“, изјави Буфон.