Македонија
2. October 2017 - 18:15

Адеми: Национална стратегија за дијаспората со цел да се спречи нејзино злоупотребување за изборни цели

- Владата се обврза да изработи национална стратегија за соработка со дијаспората, со цел да се спречи нејзино злоупотребување во изборите процеси и за изборни цели, изјави денеска министерот без ресор задолжен за дијаспората, Едмонд Адеми, презентирајќи го сработеното од првите сто дена Влада.

Тој истакна дека реализирал средби со повеќе амбасадори во РМ, на кои им е пренесно прашањето за пристапот до дијаспората. Остварени се средби со претставници на организации, како Обединетата македонска дијаспора, Форумот за демократска Македонија, Сојузот на албанската дијаспора во Швајцарија.

Адеми информира дека се сретнал и со генералниот директор на Меѓународната организација за миграција Вилија, Л. Свинг, со кого била разгледана можноста за подлабока соработка по прашања поврзани со дијаспората.

На средбата е договорено ИОМ со свој експерт да учестува во изработка на националната стратегија. 

Адеми информира дека Македонија во 2018 година ќе биде домаќин на самит на министри за дијаспора.