Македонија
19. October 2017 - 14:26

Адеми: ДУИ на 29 октомври очекува помасовна победа

Партиското мнозинство во Владата е стабилно без оглед на случувањата во постизборниот период, изјави денеска Аребр Адеми, портпарол на Централниот изборен штаб на ДУИ.

- На 15 октомври во Македонија се заокружи еден демократски процес каде мнозинството го кажа својот збор. Сведоци сме на намерни манипулативни кампањи и намерно извртување на вистината. ДУИ е апсолутен победник на изборите во албанскиот политички блок и тоа со двојно повеќе гласови од нејзините противници. Бројките покажуваат дека дури и да беа заедно тие пак ќе беа зад ДУИ, изјави Адеми.

Посочи дека 15 октомври ја одбележува 11-та победа по ред на Али Ахмети и ДУИ и вториот пораз на БЕСА и Алијансата за Албанците.

- Очекуваме победата од 15-ти октомври да се рефлектира на 29-ти октомври и да биде помасовна. ДУИ е пред противниците не само во трката за градоначалници, туку и за советници. Ситуацијата е јасна, ДУИ ќе биде победник, изјави Адеми.