-->
-->
Адеми допингуван играл против Арсенал
-->
Македонскиот репрезентативец, Аријан Адеми паднал на допинг тестот по дуелот меѓу неговиот Динамо Загреб и Арсенал во првото коло на Лигата на шампионите на кој хрватскиот шампион направи големо изненадување и славеше со 2:1.
Против него УЕФА започна постапка за време на која ниту Динамо, ниту Адеми не смеат да дадат никаков коментар.
- Запознаени сме со резултатите од допинг контролата по натпреварот од првото коло во ЛШ против Арсенал и дека нашиот играч Аријан Адеми беше позитивен на допинг тест, па УЕФА против него отвори постапка.
Според правилата на УЕФА, Динамо додека трае дисциплинската постапка и додека не биде готов наодот од Б контролата не смее да дава коментари. Нашите играчи години наназад редовно се тестирани и никогаш ова не се случило, поради ова и ние сме изненадени. Аријан Адеми во последната година шест пати беше тестиран и секој пат наодот беше негативен.
Исто така играчите од почетокот на сезоната повеќепати беа тестирани од страна на УЕФА и хрватската антидопинг агенција и наодите секогаш беа негативни. Кога ќе имаме повеќе информации благовремено ќе ги известиме, -се вели во соопштението на клубот од Загреб.
И ФФМ преку официјалниот сајт ја потврди постапката што значи Македонија на престојните два натпревари со Украина и Белорусија нема да може да смета на играчот од средината на теренот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња