Loading Video...
Фудбал
9. November 2017 - 16:38

Адеми дефинитивно ја пропушта Норвешка

 
 
Актуелни деновиве се и три македонски фудбалски селекции
 
Сениорите се подготвуваат за пријателски натпревар на арената Филип Втори каде во сабота ќе гостува Норвешка во дуелот кој ќе се игра од 18:30 часот 
Селекторот Игор Ангеловски, дефинитивно нема да може да смета на Аријан Адеми на пријателскиот меч против Норвешка кој се игра во Скопје. Фудбалерот на Динамо заработи повреда на еден од тренинзите на хрватскиот трофеен колектив, по што ќе мора да остане во Загреб и да прави детални прегледи околу повредата. Ангеловски на местото на Адеми нема да повикува ново име во составот
 
Младинската репрезентација за играчи до 21 година се подготвува за натпреварот против Австрија четврти во  квалификациите за жрвено-жолтите. Дуелот ќе се игра на 14.ноември (вторник) на Националната Арена „Филип Втори“ 
 
Потсетување дека вчера и јуниорите стартуваа со победа во европските квалификации и тоа со пресврт во дуелот против Швајцарија која ја совладаа со 2-1. Во сабота селекцијата до 19 години ќе игра против Белгија.