Живот
7. October 2015 - 20:29

Абортирала за да си го оперира носот: Сакам да станам порно ѕвезда

Британската старлет Џоси Канингем (25) која веќе има три деца, откри дека абортирала за да може да си го оперира носот.

Џоси на ова се одлучила за да го оствари својот сон и да стане гламурозен модел и порно актерка. Конечната одлука ја донела по консултации со неколку лекари кои и рекле дека не можат да и го оперираат носот поради бременсота.

-Веќе ги оперирав градите, но сфатив дека за успех во „индустријата за возрасни“ треба и убаво лице. Луѓето можат да ме мрзат, но бременоста ќе ми ја уништеше шанската конечно да успеам. Следната година ќе позирам, наместо да бидам 9 месеци бремена и да лежам со отечени зглобови. Тоа е само моја одлука, рече Џоси.

Таа е сопственичка на сајт за запознавање наменет за жени кои сакаат да забременат и е обележана како најомразена жена во Британија. Таа јавно се фалеше дека преку здравственото осигурување си ги зголемила градите (операција која чини 4.800 фунти), откако лекарите ги убедила дека е несрќна поради величината на своите гради и дека тоа и сметало во животот.

Исто така преку здравственото осигурување добила и инекции ботокс, а од локалните власти успеала да издејствува такси превоз за децата до училиште во износ од 6.000 фунти. Минатиот октомври продавала карти за гледање на нејзиното трето породување во живо за неверојатни 30.000 фунти, но од таа идеја се откажа кога дозна дека ќе роди девојче.

Во мај годинава, по само еден ден доби отказ, откако минувачите, поради негативниот публицитет, салонот за потемнување во кој работеше, го гаѓале со јајца.