-->
-->
АБА: Звезда го „здроби“ Партизан
-->
Кошаркарите на Црвена ѕвезда убедливо славеа над Партизан со 92:77 во последниот натпревар од седмото коло во АБА лигата.
Црвена ѕвезда имаше проблеми во првиот период, кој го загуби со 13:24, но во преостанатите 30 минути одигра далеку подобро од вечниот ривал и заслужено стигнаа до победата.
Триумфот ‘црвено белите’ го навестија во втората четвртина во која постигнаа двојно повеќе поени од противникот (32:16).
Двете последни засилувања Оливер Милер (17 поени) и Владимир Штимац (13 поени, 9 скока), ја предводеа Црвена ѕвезда до победата. Голем придонес во триумфот дадоа и Бранко Лазиќ (14 поени) и Гал Мекел (12 поени, 6 скока, 9 асистенции).
Во редовите на Партизан, македонскиот репрезентативец Андреј Магдевски одигра само две минути и не успеа да се запише во ниту една статистичка категорија, додека екс играчот на МЗТ, Александар Цветковиќ постигна 14 поени. Најефикасен во редовите на Партизан беше Аранитовиќ со 19 поени.
По осум кола во АБА лигата Црвена ѕвезда има скор од шест победи и два порази и се наоѓа на делба на втората позиција, додека Партизан е последен со скор од две победи и шест порази.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација