Кошарка
20. September 2017 - 17:35

АБА Супер куп: Цедевита во полуфинале

Кошаркарите на Цедевита од Загреб се првиот финалист на Супер купот на АБА лигата откако во првото четвртфинале го совлада тимот на ФМП со 86:68 (20:22; 21:11; 16:15 и 29:20). Фавориот во овој натпревар беше поуспешен во втората и четвртата четвртина што беше решавачко за победа. 
Во полуфиналето Цедевита ќе игра со победникот од дуелот Игокеа - Мега.
Најефикасен на дуелот беше Филип Човиќ од ФМП со 21 поен, додека кај Цедевита најефикасен беше Џанан Муса со 16 поени.
Во другите четвртфинални натпревари играат: Игокеа - Мега (во тек) Будуќност - Цибона и Морнар - Партизан.