Кошарка
21. January 2017 - 9:46

АБА: „Соколите“ ги надлетаа и „Штрковите“

Нова 7.ма победа на Карпош Соколи во АБА лигата откако во македонското дерби славеа против МЗТ Скопје со 
 77-74 .Избраниците на Николиќ во драматичен финиш славеа над МЗТ Скопје и забележаа нова победа на домашен терен благодарение на тројките на Мавра и Вркиќ.
„Штрковите“ ја добија првата четвртина со 14-17, а по израмнети втори десет минути, на пауза се замина со 31-34.
 
Домаќините го подигнаа нивото на игра во третата четвртина, успеаа да го свртат резултатот во своја корист и во последните десет минути влегоа со предност од 49-46.
 
Но МЗТ Скопје не се предаде, и со серија од 0-8 поведе со 58-63 на четири минути до крајот.
 
Сепак, Карпош Соколи го имаше последниот збор. На 90 секунди до крајот, гостите имаа +1, но со две тројки домаќините стигнаа до нова предност и на крајот славеа со 77-74.
 
Мавра беше најпрецизен во редовите на Карпош Соколи со 19 поени, Трајковски постигна 17.
 
Кај МЗТ Скопје прв стрелец беше Лалиќ со 22 поени а Дреновац забележа 19