Кошарка
19. December 2015 - 19:27

АБА: Нова победа на МЗТ

Одлична игра на нашиот шампион во одбраната што му донесе предност од самиот почеток  која на моменти изнесуваше и плус 13.  До крајот на средбата домаќинот не успеа да се закани посериозно  што е втора победа под водството на тренерот Јончевски. 
Марко Луковиќ со 15 поени и седум скока, Ѓорѓе Дреновац со 15 и Дамјан Стојановски со 14 поени беа најдобри кај „металците“, додека Урош Луковиќ имаше повеќе од солидно деби со шест поени, седум скока и три блокади. Следен противник во Скопје в среда е Партизан.