Кошарка
29. September 2016 - 8:33

АБА лига: Стартува новата сезона со две екипи од Македонија

Со денешните два натпревара ќе стартува новата сезона во регионалната кошаркарска лига АБА. Македонија за првпат во ова натпреварување ќе биде претставувана од две екипи. Досега учество имаше МЗТ Скопје, а во новата сезона откако ја прифати „вајлд картата“ со право на учество се здоби и тимот на Карпош Соколи.

Во првото коло двете екипи гостуваат: МЗТ Скопје кај првакот на ова натпреварување Црвена Звезда, додека Карпош Соколи ќе игра во Ново Место против Крка.
Првото коло ќе се игра од четврток до недела, а двојките се:
Цедевита - Будуќност,
Мега - Олимпија (четврток),
Црвена Звезда - МЗТ Скопје Аеродром (почеток 19 часот) 
Задар - ФМП (петок),
Крка - Карпош Соколи (почеток 17 часот) 
Морнар - Партизан (сабота) и
Игокеа - Цибона (недела).