Кошарка
4. October 2016 - 18:55

АБА лига: Партизан убедлив во дуелот со МЗТ Скопје (93:62)

Кошаркарите на Партизан убедливата победа во СЦ „Јане Сандански“ ја најавија со одличниот старт на натпреварот, а на полувремето Партизан водеше со 48:25. И во вториот дел продолжи истата игра МЗТ Скопје често грешеше и тешко ги организираше нападите, а гостите од Белград секоја грешка на ривалот ја казнуваа со реализација – по три четвртини беше 70:46. Во последната четвртина Партизан имаше и повеќе од 30 поени предност. Конечниот резултат беше -   93:62    Најефикасен на дуелот беше Вилијам Хачер од Партизан со 21 поен, Бирчевиќ постигна 19, додека кај МЗТ Скопје Тејмс реализира 20,а Мејси 15.