-->
-->
АБА лига: МЗТ Скопје ја пречекува Игокеа
-->
Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром вечер пред својата публика ја пречекува екипата на Игокеа во натпревар од 24.коло на регионалната АБА лига.
Императив за тимот на МЗТ Скопје А. е победа со која и на две кола до крајот би можеле да го обезбедат опстанокот во регионалната лига, имајќи во предвид дека триумф би им донел предност од две победи повеќе во однос на екипите на Крка и Задар кои се на последните две позиции.
Натпреварот МЗТ Скопје Аеродром – Игокеа кој ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 21 часот, е еден од трите кои се играат денеска во АБА лигата.
Во истиот термин ќе започне и средбата Мега Лекс – Партизан, а претходно во терминот од 18 часот ќе старува мечот меѓу лидерот и актуелен шампион Црвена Звезда и Унион Олимпија.
Оваа рунда во АБА лигата ќе биде заокружена во среда со натпреварот Задар – Цибона.
Табела: Црвена Звезда 22-1 (победи-порази), Цедевита 18-6, Будуќност 17-7, Партизан 17-6, Цибона 12-11, ФМП 10-14, Игокеа 11-12, Олимпија 10-13, Карпош Соколи 9-15, Мега Лекс 9-14, МЗТ Скопје Аеродром 8-15, Морнар 8-16, Крка 7-17 и Задар 7-16.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација