Кошарка
23. March 2016 - 8:04

АБА лига: Црвена Звезда преку Цедевита во финалето

Кошаркарите на актуелниот првак на АБА лигата Црвена Звезда се изборија за пласман во финалето откако во вториот дуел од полуфиналето синоќа ја победија Цедевита во Загреб. „Црвено-белите“ славеа победа со 73:65 (16:19; 18:20; 21:10 и 18:16). Ова беше триумф за 2:0 во победи.
Решавачката предност Црвена Звзеда ја направи во третата четвртина. На Крајот од првиот дел Цедевита водеше со 39:34, но во третиот период домашниот тим постигна само десет поени. Најдобар поединец на дуелот беше Владимир Штимац, кој постигна 17 поени (7/10 за два поена), а имаше и шест скокови. Кај Цедевита Џејкоб Пулен постигна 17 поени.
Поради настапите на Црвена Звезда во Евролигата не е познат точниот термин на финалната серија во која Црвена Звезда ќе игра против Мега Лекс, кој со 2:0 во победи го совлада тимот на Будуќност.