Кошарка
18. December 2016 - 19:35

АБА лига – 14.коло: К.Соколи – Крка 83:56

Кошаркарите на Карпош Соколи ја постигнаа четвртата победа во АБА лигата откако денеска на домашен терен ја победија Крка со 83:56. Резултат по четвртини: 25:16; 15:10; 24:13 и 19:17.

Кошаркарите на Карпош Соколи беа подобри во текот на целиот натпревар и сосема заслужено ги добија сите четири периода. Со 24 поени Драган Лабовиќ беше најефикасен на дуелот, додека во редовите на Крка ниту еден играч не постигна двоцифрен број поени.

Вториот македонски тим во АБА лигата МЗТ Скопје Аеродром загуби вчера на домашен терен од шампион Црвена Звезда со 93:73.

Табела: Црвена Звезда 14-0 (победи-порази), Партизан 10-3, Будуќност 10-3, Цедевита 9-4, Цибона 9-4, Игокеа 7-6, Задар 5-9, Олимпија 5-8, ФМП 4-10, Карпош Соколи 4-10, МЗТ Скопје 4-10, Крка 5-9, Морна 4-9, Мега 4-9. мн/