Кошарка
24. February 2017 - 13:05

АБА: Карпош Соколи гостува кај Цедевита

Освојувачот на кошаркарскиот Куп на Македонија екипата на Карпош Соколи се враќа на обврските во АБА лигата. Вечерва гостува кај Цедевита, екипа која се бори да го освои второто место на табелата и е сигурен полуфиналист во ова натпреварување.
На првиот натпревар на двата тима одигран во Скопје, Карпош Соколи направи изненадување и победи со 89:81.
Двата тима претходниот викенд ги освоија пехарите во Куп натпреварите во своите држави Македонија (Карпош Соколи) и Хрватска (Цедевита).
Ова е првиот дуел од 24.коло и почнува од 20 часот, а денеска се игра и последниот натпревар од 23.коло меѓу Партизан и Задар.
 
Вториот македонски тим во АБА лигата својот дуел од оваа рунда со Игокеа на домашен терен го игра во понеделник од 21 часот.
 
Табела: Црвена Звезда 22-1 (победи-порази), Цедевита 17-6, Будуќност 16-7, Партизан 16-6, Цибона 11-12, Игокеа 11-12, ФМП 10-13, Олимпија 10-13, Мега 9-14, Карпош Соколи 9-14, МЗТ Скопје Аеродорм 8-15, Морнар 7-16, Крка 7-16, Задар 6-16.