Македонија
11. October 2017 - 17:20

Македонија одбележува 76 години од почетокот на антифашистичкото востание и НОБ

Празнувањето на големите датуми, оддавањето чест на сите наши претходници вградени во државноста и во слободата на Република Македонија е само еден мал дел од нашата должност кон нашето достојно минато, порача премиерот Зоран Заев по повод одбележувањето на 11 Октомври – Денот на народното востание. Пред Споменикот на ослободителите на Град Скопје, свежо цвеќе утрово положија и делегации на Собранието, Армијата, Сојузот на борците и дипломатскиот кор.

Традиционално во Собранието без доделени и државните награди „11 Октовмври“ за животно дело во областа на науката, образованието, културата и уметноста. Со ова признание годинава се закитија музичкиот уметник Влатко Стефановски и историчарот проф. д-р Амет Шериф. Порака по повод 76 години од почетокот на народноослободителната борба на македонскиот народ испрати и академик Митко Маџунков, претседател на одборот за додоелување на државната награда.

Денот на народното востание претставува еден од најголемите македонски празници, кој во историјата ќе биде запаметен како извор за самобитност и самостојност на македонскиот народ.

11 Октомври е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските Војни и во Првата Светска Војна.

Минувајќи го патот на својот повеќедецениски развој и растеж како дел од СФРЈ, а потоа и како самостојна држава, пребродувајќи го конфликтот во 2001 година, Македонија, денес е полноправна членка на Обединетите Нации, и е на пат кон евроатлантските интеграции.