Бизнис
13. October 2017 - 16:57

8 милиони евра за иновативните компании до 2019 година

Уште 8 милиони евра можат да искористат иновативните фирми во земјава до 2019. Средствата се обезбедени преку заем од Светска банка и треба да се пласираат преку Фонодот за иновации. Оттаму велат дека во изминативе две ипол години се искористени само 9 отсто иако станува збор за неповратни средства. Ќе се прават напори во идниот период најуспешните апликанти да дојдат до парите. Но и да се најдат други извори на финансирање, за Фондот да биде долгорочно одржлив.

Најиновативните 15  компании од последниот повик на Фондот ќе се знаат до крајот на годината. Иако првично требаше да потпишат договори во август. Новото раководство објаснува дека поради пробивањето на рокот, целата процедура е во застој. Владата во вторникот донела одлука со која ќе се сменат членовите на Комитетот за одобрување на проекти со што ќе продолжи финалната селекција.

Од 2015 досега Фондот инвестираше и поддржа вкупно 37 компании. Најголем дел од нив се од ИТ секторот. Во следните повици ќе се воведат и нови инструменти. Еден од нив е  отворањето  на акцелератори.